Вечерва во ТВ21 во емисијата „Клик Плус“ имаме тројца гости со кои ќе дебатираме на актуелните политички теми во Македонија. Меѓу гостите е и поранешниот градоначалник на Карпош, и член на ИО на СДСМ, Стефан Богоев.
Богоев кажа дека после четврток, кога не беше изгласана недоверба на владата, сега очекува мнозинството да расте уште повеќе.
Притоа откри дека СДСМ преговара со повеќето партии, но не сакаше да открие кои се тие. Дали Алтернатива ќе влезе во Влада? Еве што одговори Богоев во „Клик Плус“.
„Оние наводи во јавноста дека се работи на зголемување на мнозинството се точни. СДСМ има далеку поголем потенцијал за коалицирање отколку ВМРО-ДПМНЕ, и тоа се покажа во четвртокот. Иако изгледа 60-60, ќе видите дека ситуацијата ќе биде поразлична. Подаваме рака на целиот демократски свет, оние кои сметаат дека Македонија треба да биде дел од НАТО и дека час поскоро треба да почнеме преговори со ЕУ. Убедени сме дека сите кои така размислуваат се многу повеќе такви во државата, отколку оние кои сакаат државата да стои во место“, рече Богоев.
ТВ21: Убедени сте дека Алтернатива ќе влезе во власта:
Богоев: „Во моментов има подадена рака за Алтернтатива, се разговара и со повеќе пратеници, и за брзо ќе излеземе со постабилно и поголемо мнозинство“.
