Дали алуминиумската фолија има права и погрешна страна: Која е разликата помеѓу мат и сјајна страна?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е вечна дилема која долго време мачи многу домаќинки

Сечија теорија за користење на алуминиумска фолија во кујната е различна. Приврзаниците на подготовката на храната од нејзината сјајна страна велат дека таа рефлектира повеќе топлина и дека садот завршува со покрцкава кора, додека оние кои претпочитаат печење на мат-страната веруваат дека сепак многу подобро ја спроведува топлината и на тој начин создава рамномерна површина за печење. .

Вистината е дека не постои правилна или погрешна страна на алуминиумската фолија, и на кој начин и да ја користите, всушност сте во право. Разликата во „финиш“ е прашање на производство, објаснуваат експертите.

Имено, кога се произведува, фолијата се витка во слоеви. Тоа е процес во кој со употреба на топлина и напнатост се доведува до саканата дебелина. Два слоја фолија се обработуваат истовремено за да се спречи пукање. На места каде еден слој фолија допира до друг, се создава мат страна, а сјајната страна е на места кои не се во контакт.

Драги домаќинки, сега кога ви ја решивме дилемата, слободно опуштете се, бидејќи од која страна од фолијата и да го ставите месото или со која страна да го покриете плехот за печење – не сте згрешиле!