Дали би се вакцинирале против корона? Вакцина ќе се најде – македонските граѓани против вакцинација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Информации и податоци за научни лаборатории кои забрзано работат на создавање вакцина против корона вирусот, пристигнуваат секојдневно. Во САД и Кина веќе се направени првите тестирања на пријавени доброволци. Светот се вклучува во таканаречено „солидарно испитување“ за потенцијална терапија против коронавирус – кое го покрена СЗО, а досега 10 земји го потврдија учеството во тестирањето на четири веќе познати лека.
Дел од македонските граѓани сметаат дека е потребно да се вакцинираме против овој вирус, но поголемиот дел се скептици кога станува збор за оваа вакцина.

АНКТЕА:
„Би требало да има вакцина за секоја заразна болест. Јас сум од постарата генерација и се знаело, сме се вакцинирале, сега младите имаат фобија. Но сметам дека треба да има вакцина бидејќи тоа е најсигурно нешто против против оваа невидлива непозната болест.“
„Во моментов сум против вакцина, а понатаму како ќе се развиваат работите ќе видиме. Немам посебна причина, само сега за сега ми е несигурна“
„Јас не би се вакцинирала. Ако ме послушаат и моите деца и нив не би им дозволила да се вакцинираат бидејќи и онака сум против вакцинирањето“

Тимот на македонскиот професор и научник, Панче Наумов веќе работи на развивање на вакцина против корона вирусот во Обединетите Арапски Емирати. Тој во интервју за тв24 истакна дека истражувањата се насочени кон изнаоѓање на методи за термичка стабилизација на идната вакцина за Ковид-19

„Секако дека вакцина ќе се најде. Прашање е на време. Во многу институции во светот се работи на тоа и многуте фондации кои што спонзорираат научни истражувања скоро сите во Америка и Европа, па дури и во Азија спонзорираат исклучително истражувања за Ковид 19“, вели Наумов.

Наумов вели дека со оглед на последните случувања со пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19, дел од лабораториите, со кои раководи од неодамна се преструктуирани за потребите на истражувања на потенцијални термички стабилни вакцини против овој вирус.