Дали денеска е последен ден со колони на Блаце? – Утре се очекува активирање на граничниот систем one stop shop

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Долгото чекање на граничниот премин Блацe предизвика револт кај граѓаните. Тие што ги прашавме ни рекоа дека чекале и до два часа за излез од Македонија и влез во Косово.

Додека нашата екипа беше на терен, колоните беа долги речиси 2 километри.

На вториот ден од Рамазан Бајрам, кога голем број граѓани од двете страни на границата имаат семејства и доаѓаат и си одат на одмор, трпението е при крај за дел од патниците.

„На скоро најпрометниот ден во годината, има само три ленти кои работат овде на границата со Блаце. Во меѓувреме, нервозата на граѓаните е многу голема, велат дека чекаат и по два часа“, вели репортерот на ТВ21.

Некои решија да се вратат таму од каде што дојдоа, а други тргнаа пеш да ја преминат границата.

„Чекањето е многу досадно и цениме дека сето ова чекање е непотребно. Не разбираме која е целта. Ова е злоупотреба на населението и овде и таму. Бараме оваа злоупотреба да се избегне што е можно поскоро. Тоа е се што можам да кажам!

„Чекаме еден час. Каде е сега новата влада кога ни ветија дека ќе ја направат едношалтерски систем? Празни зборови, лажговци! Не си играјте со народот, овие гужви се случуваат само кај Албанците. Срам да им е!

„Овде чекаме долго време, скоро еден час, а од нив нема ништо. Гледате дека свирам ама воопшто не им е гајле за ништо“.

„Чекаме половина час, не е во ред, но се надеваме дека од утре ќе профункционира граничниот премин и ќе се намали чекањето. Повеќето од жителите на Скопје имаат семејни врски, јас сум од Качаник и целото семејство ми е таму и треба да чекаме со часови за да стигнеме до нашите роднини“.

Пред пет недели министрите за внатрешни работи Панче Тошковски и Џељаљ Свечља одржаа билатерална средба на граничниот премин Блаце. Присутни беа и првиот вицепремиер на Владата Изет Меџити и амбасадорот на Косово во Северна Македонија, Флоријан Ќехаја. Тие рекоа дека интегрираниот систем на двете гранични точки Блаце-Елез Хан од 1 април ќе бидат ставени во заеднички систем, каде контролите ќе се вршат само на влезот во соодветните земји. Според нив, се очекува „One Stop Shop“ да го намали времето на чекање и да го олесни движењето на граѓаните, стоките и услугите.