Дали Димитриевски ќе плати казна? Заев: Одговорност треба да има, дури и во пари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и директорот на Центарот за управување со кризи, Куманово, Горан Стојановски вчера се тестирале уште еднаш според протоколот во Центарот за јавно здравје, Куманово и како што дознава ТВ21, биле негативни на коронавирус. Но дали прифаќа да ја плати паричната казна до 500 евра заради непочитување на карантинот? Градоначалникот на Куманово не прифати да се произнесе за ТВ21, додека Стојановски рече дека не се проблем парите и каната, туку Санитарниот инспекторат од каде при надзорот се направени низа грешки.

Но како гледа на оваа ситуација лидерот на СДСМ, Зоран Заев кон неговиот сопартиец, Димитриевски, Заев вели дека одговорност треба да има па дури и во пари, истата треба да се плати.

Иако на првите тестирања извршени во Центарот за јавно здравје пред две недели им беше дијагностициран Ковид-19, Димитриевски и Стојановски излегоа од домашна изолација за да го повторат тестирањето на приватни клиники. Од Институтот за јавно здравје за ТВ21 рекоа дека разликата во тестовите изнесувала 10 дена со што вирусот можел да помине додавајќи дека нема грешки во процедурата. Димитриевски инсистира дека ги почитувал сите безбедносни правила при тестирањето во приватните клиники и дека не загрозил ничие здравје.