Дали ДУИ би коалицирале со ВМРО-ДПМНЕ? Џафери: Во политиката никогаш не се вели никогаш!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во „Click Plus“ на ТВ21, на новинарско прашање дали по изборите би коалицирале со ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека во политиката никогаш не се вели никогаш.

„Хипотетички не може да се зборува во дефинитивна форма, во политиката нема дефинитивна форма за последователни прашања бидејќи тоа не е работа за која одлучуваат политичките субјекти. Последователните прашања по изборите се прашања за кои се разговара во партиските тела и тоа не зависи од конкретната позиција што мисли денес Талат Џафери како претседател на Собранието, бидејќи ние го немаме тоа овластување. За среќа или за жал, декларации не се даваат и менуваат секој ден, а во политиката тоа е основна работа која никогаш не се кажува во дефинитивна форма“, рече Џафери.