Дали ДУИ има капацитет да ја спроведе зелената платформа?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва во „Click Plus“ на ТВ21 гостува лидерот на ДУИ, Али Ахмети кого го прашавме за тоа дали ДУИ има капацитет да ја спроведе зелената платформа.

Ахмети за тоа вели дека ДУИ ги има сите капацитети за да се занимава со ова платформа.

„Во вашата емисија сум кажал дека ДУИ претставува вредност за Албанците во Северна Македонија и за тоа скоро 1/3 од векот многу инвестираше на создавање на кадар, на експерти од одредени области, за да се прошират знаењата. Сметам дека ДУИ ги има сите капацитети за да се занимава со ова платформа која ја објави по повод 19 годишнина од основањето“, порача Ахмети.