Дали Горан Милевски ќе се кандидира за градоначалник на Битола?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Либерално-демократската партија и актуелен министер за локална самоуправа Горан Милевски денеска гостуваше во „10 Минути“ на ТВ21 каде го запрашавме дали планира да се кандидира за градоначалник на Битола на претстојните локални избори.

Тој вели дека партијата до крајот на август ќе донесе одлука.

„До крајот на август ќе донесеме одлука и јас и партијата… Тие сакаат, меѓутоа треба јас да одлучам дали е тоа паметен потег или не е, ако го гледаме интересот на граѓаните да, бидејќи ќе имаат избор“, посочи Милевски.