Министерот за здравство Венко Филипче во емисијата „10 минути“ на ТВ21 појасни дали хронично болните и родителите на деца до 10 години ќе се вратат на работа.
„Мерката се уште важи, но овие денови ќе отвориме една дискусија, најпрво на Комисијата за заразни болести според проценката на ризик во сегашната ситуација на епидемијата и на почетокот на следната недела ќе се знае дали одлуката ќе продолжи да важи или не“, посочи министерот Филипче.
