Дали им е платено на хакерите кои го нападнаа системот на ФЗО?! – Директорката вели дека е отворена истрага, не сакаше да коментира детали

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Конечно од ФЗО проговорија за блокирањето на системот. На прашањето дали им платиле на хакерите за да го деблокираат системот, директорката Магдалена Филиповска Грашковска ниту негираше ниту потврди такво нешто. Според неа отворена е истрага и поради тоа не може да изнесува детали.

Иако не даде никаква информација во врска со решението на проблемот, директорката уверува дека податоците на граѓаните се безбедни и дека системот сега е речиси целосно во функција.

Но зачудува фактот што токму кога се случи сајбер нападот, на своето работно место не бил директорот на Секторот за информатика, Сашо Станчески. Директорката рече дека е на боледување поради преживеаниот стрес со нападот. Во тоа време, не бил присутен ниту другиот директор на Фондот, Фатон Ахмети кој е на годишен одмор. Филиповска Грашковска соопшти дека за дијагностицирање на проблемот ангажирани се странски ИТ експерти.

Инаку, речиси 2 недели системот на ФЗО не беше во функција поради сајбер напад а како последица на тоа не можеа да бидат исплатени боледувањата, породилните отсуства и платите на здравствените работници.