Неодамна видовме рушење на една дивоградба во Скопје, но колку може да му се пркоси на овој проблем?
Одговор во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 ни даде кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од „Зелен хуман град“, Ана Петровска.
Таа вели дека генералниот урбанистички план по дефиниција има еден дел, односно поглавје кое што мора да ги идентификува сите бесправно изградени објекти.
„Тие бесправно изградени објекти доколку се во некаков процес на легализација, многу тешко се излегува од правните лавиринти, меѓутоа мислам дека има решение. Кога правници се залагаат за јавниот интерес и не го штитат интересот на приватниците јас мислам дека може да се најде решение“, додава Петровска.
Целата изјава во продолжение:
