Се уште не се знае дали ќе има консензуален кандидат меѓу СДСМ и ДУИ.
Пред неколку дена потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи изјави дека по премиерот Албанец, следната мисија на ДУИ е функцијата претседател на државата Албанец, која според него е единствената функција во која се уште има етнички монопол.
Во интервју за Слободен Печат, Османи истакна дека националистичките сили во земјата ја обвинуваат ДУИ бидејќи им смета етничката еднаквост.
Но, дали партијата на Ковачевски – СДСМ е подготвена да излезе со заеднички кандидат со партијата на Ахмети на претстојните претседателски избори и дали овој кандидат е Албанец? Бојан Маричиќ од СДСМ без да даде конкретен одговор вели дека се подготвени да соработуваат со секоја партија која има за цел да го поддржи членството во ЕУ.
Претседателските избори ќе се одржат во мај, а кандидати најавија и од Европскиот сојуз за промени. Во меѓувреме, АА не ја отфрли можноста да го поддржи кандидатот на албанската опозиција.
