Дали ќе има нова промена на Уставот? „Бугарите ако треба ќе ги додадеме, немаме резерва“, вели Османи

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи синоќа во „Click Plus“ соопшти детали кои претходно не беа дискутирани во јавноста. Тој рече дека немаа резерва во однос на повторно отворање на уставот и вметнување на Бугарите како националност.

„Бугарите во Северна Македонија треба да се чувствуваат како апсолутно слободни граѓани кои може да се организираат како колективна заедница, и ќе ги имаат сите права, па ако треба и нивно споменување во Уставот“, вели Османи.

ТВ21: Па тогаш треба да го менуваме Уставот…

Османи: „Немаме никаква резерва да бидат споменати како посебна етничка заедница, ако тоа им значи на било која страна“.

ТВ21: Од Бугарија има побарано такво нешто?

„Јас не сум чул. Немаат побарано такво нешто“, додаде Османи.