Дали ќе има промена на цената на струјата?Oдговара Ковачевски во ClickPlus

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Дали ќе има промена на целата на електричната енергија?

На ова прашање во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 одговори заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски.

Тој вели дека се работи за сериозна тема затоа што електричната енергија е енергенс што сите луѓе го користат.

„Ние сме во посткризен период, а главно после вакви периоди, секогаш после такви периоди кои се исполнети со дефлаторни влијание, следува инфлаторни притисоци врз цените. Што се однесува до електрична енергија, цената ја одлучува РКЕ, јас не би навлегувал во методолигијата, но секој од учесниците во формирањето на цената, учествува со свои трошоци и маржа, притоа со 18% учествува и ДДВ-то. Во моментот кога РКЕ ќе ја објави новата цена, тогаш и Владата, согласно со цената која ние не знаеме која е, Владата ќе донесе вистински потез во однос на нејзниот дел на учеството. Сите опции се отворени…“, посочи Ковачевски.