Денеска на паузата на четвртиот Социо-еколошки форум (СЕФ) во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“ на кој има стручна дебата и дискусија за енергетските политики на земјите од Западен Балкан и Европската Унија, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски вели „РКЕ нема да добие барање за цената на електричната енергија бидејќи, само ќе ја потврдиме цената која ќе ја утврди универзалниот снабдувач ЕВН Хоум“.
-РКЕ нема да добие барање за цената на електричната енергија бидејќи, само ќе ја потврдиме цената која ќе ја утврди универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Универзалниот снабдувач во текот на неделава ќе го распише тендерот за да обезбеди електрична енергија за следните шест месеци. Треба да видиме кои цени ќе се понудат, а сигурно е дека маржата нема повеќе да биде 11,5 проценти, туку ќе биде 9,9 проценти. Треба да видиме и во колкав обем ЕСМ ќе ги обезбеди количините кои се потребни за домаќинствата и малите потрошувачи. Тоа се најбитните елементи за цената која ќе ја плаќаат домаќинствата по 1 јули годинава, изјави Бислимоски.
Истакна дека во моментов е некоректно во сметките што ги плаќаат граѓаните да го има процентот за субвенција.
