Премиерот Оливер Спасовски, денеска најави дека за отворањето на училиштата и на градинките, Владата ќе одлучува после првомајските празници.
„И натаму се анализира ситуацијата со градинките и училиштата. Ќе одлучиме по првомајските празници, секако во координација со епидемиолозите и Комисијата за заразни болести“, рече Спасовски.
