Али Ахмети барал од Мицкоски ДУИ да влезе во Влада на местото на ВЛЕН, а за таа возврат ќе прифатат само четири министри, без функцијата претсдател на Собранието. Ова го тврди портпаролот на Демократското движење, дел од коалцијата ВРЕДИ, Фари Хисени. Тој порача дека ДУИ мора да им одговори на граѓаните и за наводните гаранции од ДУИ кон Мицкоски за поддршка на македонските кандидати во Кичево и Струга за локалните избори кои треба да се одржат следната година.
„Ние како Коалиција ВЛЕН го повикуваме Али Ахмети вечерва да го искористи партискиот собир во Гостивар, и, да и одговори на јавноста зошто му нудеше на Христијан Мицкоски да влезат во Влада наместо ВРЕДИ со четири министри, без Претседател на Собрание заедно со гаранции дека локалните избори догодина ќе одработат неговите кандидати Македонци да станат градоначалници на Кичево и Струга?“, вели Фари Хисени.
Овие тврдења ДУИ ги нарече скандалозни и неприфатливи клевети. Од оваа партија велат дека приврзаниците на Мицкоски го подготвуваат јавното мислење општина Кичево и Струга да им ги дадат на ВМРО-ДПМНЕ.
„По поставувањето на срамното вазалство на ВМРО-ДПМНЕ, тие кои се одбиени од Албанците и се избрани од Мицкоски, откако Министерството за Охридскиот договор му го дадоа на Стоилковиќ и на Димовски на Ѕинго, по заменувањето на сè албанско со македонско и намалувањето на правичната застапеност за 5. % со невидена одлука, веќе почнаа да ја подготвуваат јавноста за да им ги дадат и Кичево и Струга. Тука ги поминавте црвените линии и ќе се соочите со отпорот на народот и на секој Албанец“, велат од ДУИ.
Претходно претседателот на Беса, Билал Касами ја коментираше средбата на ДУИ која вечерва се одржува во Гостивар.
„Еден пријател на шега ми рече, дали се собираат да видат дали се на број, бидејќи секојдневно добивам информации дека луѓето ги напуштаат. Гледаме дека е организирање на партијата, а не на коалиција. Како што изгледа, членовите на Фронтот полека се распуштаат и почнуваат комуникација за да бидат дел од Владата“, вели Биљал Касами.
Инаку, ДУИ вечера во спортската сала во Гостивар, одржува состанок на локалните совети, ограноци и младинскиот форум, но и партиските органи во централно ниво.
