Се случува понекогаш да ја пресолиме храната , а како изговор наведуваме тоа што користиме морска, наместо обична, готварска сол. Ова мислење е далеку од точно, затоа што не е важно каква сол користиме, туку неговата количина.
Факт е дека солта од морето е малку обработена, но тоа не значи дека е здрава.
„Сол е сол, без разлика дали е розева, бела, кујнска или морска. Морската сол не е ништо поздрава од обичната, во смисла на влијанието на притисокот или на здравјето на срцето. Не е во прашање видот на солта, туку количината“, вели кардиологот Сузан Стеинбаум.
Главната разлика меѓу кујнската и морската сол е во вкусот, текстурата и обработката. Морската доаѓа од испарување на моерот и минимално се преработува, додека кујнската повеќе, а минералите се губат.
