Дали можe да се пие јогурт со истечен рок и што може да се случи?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иако можеби не е на исто ниво како лебот, млекото и јајцата, јогуртот е дефинитивно една од основните намирници.

Јогуртот не е само разноврсен (може да се користи како основа за сосови, пијалаци и колачи, или да се јаде со лажица), туку е и хранливо пожелна храна.

Веројатно ви се случило барем еднаш да испиете јогурт и да сфатите дека му истекол рокот. Паниката поради страв од непријатните последици од можното труење е сосема сигурна затоа што никој не сака да поминува часови во тоалетот виткајќи се од болка.

Дали тоа навистина ќе се случи ако пиеме јогурт со поминат рок, открива нутриционистката Кери Ганс.

„Јогуртот е добар извор на калциум за зајакнување на коските, но исто така и за здравјето на цревата поради добрите бактерии што ги содржи. Исто така е богат со протеини. Во основа, следниот пат кога ќе најдете јогурт со поминат рок, не го фрлајте затоа што датумот означен како „најдобро користен до“ не значи дека истекол технички, туку дека е најдобро да се користи до наведениот датум“, тврди таа и посочува дека станува збор за квалитет, а не за безбедност.

Таа вели дека по истекот на рокот, јогуртот станува покисел поради ферментацијата.

„Се разбира, тоа не значи дека е безбедно да се пие јогурт кој останал во фрижидерот со месеци. Отворениот јогурт може да стои до една недела во фрижидерот“, посочува Ганс.

Работите се едноставни, вели таа, мириснете го јогуртот и ако мириса лошо, фрлете го. Ако мириса добро, но има лош вкус, повторно фрлете го. Ако неговиот вкус и мирис се добри, можете да го конзумирате.

„Ако пиете јогурт кој останал затворен, а на кој му истекол рокот ќе предизвикате немир во цревата, но тешко да дојде до тоа бидејќи по вкусот веднаш ќе препознаете дека повеќе не чини“, посочува нутриционистката.