Дали оние кои ја примиле и втората доза на вакцина ќе може да ја извадат маската? Одговори Филипче

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Венко Филипче, министерот за здравство, денеска одговораше на прашање дали она лице кое ја примило и втората доза на вакцина, ќе може да ја извади маската.

Филипче одговори дека таа препорака е рано да се тргне, и дека одлуката за носењето на маски и натаму останува на сила.

„Разговаравме утрово на Комисијата за заразни болести и заклучивме дека препораката за носење маска треба и натаму да се почитува. Бевме сведоци дека голем број на граѓани маските не ги носат за време на викендот. Се уште е рано да ја симнеме таа одлука. Веројатно тоа ќе дојде поништување на мерката, но сега е рано да се каже кога ќе кажеме да не се носат маските. Засега е рано, тоа ќе биде нешто следно за што ќе разговараме“, рече Филипче.