Дали Поповски се согласува со Османи за настап кон Бугарија без емоции?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Професорот и актуелен советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Владо Поповски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 одговори на тоа дали се согласува со министерот за надворешни работи Бујар Османи за настап кон Бугарија без емоции.

Тој порача дека нема разговор за идентитенските прашања.

„Нема разговор за идентитетски прашања дека ние сме и се чувствуваме Македонци, дека нашиот јазик е македонски, дека името на нашата државата се вика Македонија, Република Северна Македонија после Преспанскиот договор. За тоа не можеме да расправаме“, подвлече Поповски.

Истакнува дека според информациите, спорот со Бугарија е поради тоа дали сме ние Македонци од 45-та година, како што е бугарската теза и како резултат на влијанието на кинтерната на Сталин и Тито а до тогаш сме биле Бугари, и второ дали нашиот јазик е како посебна гранка од словенските јазици или е варијанта на бугарскиот јазик како западна варијанта на бугарскиот јазик.

„На овој план би требало, како што е пракса во Европа, историјата и историските прашања да се остават на историчарите, да се разграничи политиката од историјата“, додава Поповски.