Дали постојат разлики во ставовите за преговарачката рамка? Одговара Маричиќ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостува вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ со кого разговаравме и за тоа дали постојат разлики во ставовите за преговарачката рамка.

„Нашите позиции во однос на преговарачката рамка од самиот старт беа по одредени точки различни, впрочем затоа и таа рамка не беше усвоена во 2020 година. Ние сме на принципиелна позиција дека се што ќе се договори и се што ќе се стави во преговарачката рамка како договорено ние немаме проблем да го имплементираме, како билатерална обврска кон Бугарија“, вели Маричиќ.

Според него, важно е да не се претовари преговарачката рамка со работи на кои не им е местото таму или се невообичаени.

Во продолжение целата изјава: