Дали потписите дадени синоќа се безбедни?, одговара Снопче за ТВ21

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска во централните вести на ТВ21 во живо се вклучи и пратеникот од редовите на Алијанса за Албанците, Халил Снопче.

На прашање на модераторот околу последните политички случувања во земјава, односно дали се сигурни потписите што беа депонирани синоќа, Снопче за ТВ21 изјави дека потписите се безбедни и дека во наредните денови ова мнозинство ќе се зголеми.

„Потписот го депонираа 61 пратеник избран од народот. И сега зборуваме дали се безбедни. Ова мнозинство од 61 ќе се зголеми во наредните денови, ви гарантирам, бидејќи пратеникот избран од народот го депонирал потписот за рушење на власта. Сите овие луѓе се бореа против оваа Влада затоа што сметаа дека оваа власт е криминализирана, корумпирана и нормално, како што реков претходно, меѓународните власти ја нарекуваат хибридна влада“, нагласи Снопче за ТВ21.