„Контактиравме многу луѓе кои имаат бизниси и се бизнисмени, тие ни даваат целосна поддршка иако се во тешка и лоша економска состојба. Кратко велат – можеме да седиме уште еден месец без плата, но сакаме да придонесеме за граѓаните кои немаат државјанство, со цел на тие да им се овозможи конкретна помош“, истакна Скендер Реџепи.
Ова изјава на пратеникот на коалицијата Алијанса/Алтернатива предизвика реакции во јавноста. Дури реагираа и политичките партии.
Од СДСМ велат дека е срамно и побараа од пратениците на опозицијата да ги вратат нивните плати бидејќи веќе неколку месеци ништо не прават.
Ваквата изјава за пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ е несериозна. Тој смета дека за хаосот што се случува во Собранието е виновна власта.
Ги прашавме пратениците дали тие би можече да издржат еден месец без плата. Реџепи, сега се правда. Вели дека неговата прва изјава била извадена од контекст.
„Јас спомнав неколку бизнисмени кои се ни блиски и кои се многу чувствителни за случајот за кој разговараме, за Законот за државјанство. Тие рекоа дека можат да издржат еден месец без помошта од државата за платите на нивните работници, со цел да се реши проблемот на оние кои имаат најмногу потреба. Јавно ви велам, нека се реши прашањето со граѓаните кои имаат проблем со државјанството, и јас без никаков проблем ќе ја подарам мојата плата не еден, туку три месеци“, посочи Скендер Реџепи.
Според парламентарното мнозинство, коалицијата Алијанса/Алтернатива и ВМРО-ДПМНЕ во неформална коалиција си помагаат едни на други и заеднички блокираат закони кои се во корист на граѓаните. Реџепи вели дека ќе ја преземат одговорноста со блокадата на петтиот пакет мерки, бидејќи се додека не се постигне договор за нивниот предлог закон за државјанство, не планираат да престанат со блокадата.
