Премиерот Зоран Заев денеска на прес конференција, по новинарско прашање околу тоа дали викендов повторно ќе ги полни батериите на мотор, истакна дека за време на претстојните празници ќе биде во својот дом во Струмица.
„Јас лично ќе бидам дома, во Струмица. Веројатно ќе ги искористам деновите за прошетка на ридовите над Струмица и дворот, каде што живеам. Овие денови по повод Први мај сум учесник во крводарителска акција“, истакна премиерот Заев.
Премиерот апелираше граѓаните максимално да ги почитуваат мерките на заштита против коронавирусот.
