Дали се заработува пиејќи кафе? Се урна пирамидалната шема Бигкомерц

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пиејќи кафе и со 50 кликови на телефон добиваш дел од заработката од онлајн продажбата.


На овој начин веќе неколку месеци многу граѓани беа измамени од платформата Бигкомерц+. Инвестираа големи суми со надеж дека за неколку дена нивната инвестиција ќе се зголеми двојно. Но веќе неколку дена пирамидалната шема се урна и многу граѓани останаа без заработка. Сумата на парите остана само бројка. Медиан Абази кој се бави со криптовалути дознал за измамата која се прави во оваа апликација. Тој има порака за сите тие кои инвестирале.

„Постои уште еден друг проблем и би ги советувал сите тие кои инвестирале, сега во Бигкомерц+ можно е да се појави друга појава – да се вложат дополнителни 10% од вредност за да се деблокира сметката која ја поседуваат во нивниот паричник. Да не се станат жртва на таква измама во случај тоа да се бара,“ вели Абази.

Во студиото на Клик Плус вчера беа и две познавачи од информатиката за да кажат што всушност се случува со Бигкомерц+.
Дали ќе можат да ги вратат инвестираните пари?

„Сметам дека не може. Се надевам дека сите тие кои инвестирале на некој начин ќе ги вратат парите и не сакам никогаш да бидам песимист за инвестициите на другите, но не знам времето ќе покаже,“ вели Иса Фида.

Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Халити, вели дека државата може да ја блокира ИП адресата но измамниците можат да отворат и други ИП адреси.


„Тие не потекнуваат од овде кај нас, единствената можност е државата да испрати барање до интернет сервис провајдерите и тие да блокираат одредено ИП адреса. Тие кои се разбираат во информатика знаат дека блокирањето на одредена ИП адреса не значи нешто многу бидејќи измамниците можат да отворат друга ИП адреса и да продолжат со нивната измама“, вели Халити.

На интернет кружат неколку фотографии на кои се гледаат големи суми вложени од граѓаните. Според гостите на Клик Плус, оваа шема на измама најмногу ги „зарази“ жителите на Северна Македонија.