Од европските пари придобивка имаат само функционерите, а за народот не се издвојува ниту денар. Вака мислат граѓаните кои ги анкетираше ТВ21 во врска со европските фондови што ЕУ им ги дава на земјите како постојана поддршка со цел земјата да може да ги оствари потребните реформи за еврoинтеграциите.
Дека парите не завршуваат таму каде што треба, не мислат само граѓаните бидејќи од 36 истражувања за Западен Балкан, отворени од надлежните органи за ревизија на фондовите, 18 се однесуваат на злоупотреба на европските фондови во Северна Македонија. Овие бројки ги потврди и евроамбасадорот Дејвид Гир.
„ОЛАФ е сериозно и суштествено тело, кое што спрoведува истраги. Вие ги дадовте самите бројките на истрагите. Јас можам само да ја потврдам таа бројка, но не можам да навлегувам, ниту пак ги знам деталите за истрагите кои што се направени, меѓутоа можам да потврдам дека има различен контекст поврзани со тие фигури, различни субјекти, кои што се дел од тие истраги. Ако истрагите резултираат со сомнеж за криминални активности, тие случаи ќе бидат проследени во Јавното обвинителство, и во тој случај очекуваме јавниот обвинител да преземе навремени активности и тие активности ние ќе ги следиме одблиску“, вели Дејвид Гир,
Инаку од 2007, само од ИПА фондовите не ЕУ, Северна Македонија генерирала 1.3 милијарди евра, во пет клучни сфери, владеењето на правото и основните права, демократијата и доброто владеење, заштита на животната средина и стабилни врски, во пораст на економијата и човечки капитал, земјоделството и руралниот развој.