Дали сте ја забележале мистериозната девојка во црна венчаница на улиците на Скопје?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во последните неколку денa, минувачите во центарот на Скопје, и тоа на неколку локации, можеа да забележат девојка во елегантна црна венчаница, која носи букет. Нејзиниот изглед привлече внимание, не само поради необичната боја на фустанот, туку и поради атмосферата што потсетуваше на сцена од филм.

Во нашата култура ретко може да се види црна венчаница, иако во некои култури оваа боја симболизира лојалност и вечност. Сепак, кај нас, црната сè уште носи чувство на мистериозност и необичност, поради што оваа глетка е уште поинтригантна.

Интересно е тоа што слични случаи се забележани и во Белград, Подгорица и Загреб, а тоа предизвика шпекулации дека можеби станува збор за испланиран перформанс или визуелен проект што поврзува повеќе градови.

Што, всушност, стои зад појавувањето на невестата во црно: перформанс, уметничка порака или спонтан чин?