Пиење на кафе за многумина е дел од ритуал, а некому се потребни и неколку дози. Кафето го пиеме за да се чувствуваме будно и угодно. Може да ни помогне да работиме побрзо, да вежбаме понапорно, да не држи будни после немирна ноќ и да ја контролира промената на расположението.
Ако пиете кафе, можеби некогаш сте слушнале дека тоа го дехидрира вашиот организам. Но дали е тоа вистина?
Многу луѓе веруваат во оваа теорија, а таа датира од студија објавена од 1928 година. Таа кажува дека лицата кои пиеле кафе и чај со кофеин, мокреле и до 50% почесто од луѓето кои не ги конзумирале тие пијалоци.
Кога пиете кафе конзумирате вода со кофеин и други состојки во кафето. Во голем број на случаи конзумацијата на вода го негира влијанието на кофеинот.
Новите истражувања покажуваат дека секојдневна конзумација на кафе може да ви помогне во постигнување на целите околу количината на внесени течности и не го компромитира тој процес. Водата и натаму е најдобар избор за правилна хидратација, и не би требало да биде заменета со кафе.
