На друштвените мрежи повторно кружи „најсмешниот виц на светот“.
„Најсмешната шега на светот“ е израз со кој Ричард Вајсман Висман, професор по психологија на Универзитетот Хертфордшајр, во 2002 година ги изнел резултатите од своето истражување. За својот експеримент, направил веб страница на која можело да се оценуваат шегите.
Така овој виц е прогласен за најсмешниот на светот, а тој е дел од скеч на британско-ирскиот глумец и комичар Спајк Милиген од 1951 година.
Вицот гласи вака:
„Двајца ловџии отишле во шума и на еден од нив му се слошило и паднал. Се чини дека не диши, па неговиот пријател повикува брза помош.
‘Мислам дека пријателот ми е мртов, што да правам?’, прашува тој, а операторот му одговора:
‘Смирете се, можам да ви помогнам. Прво уверете се дали е навистина мртов’.
Потоа настапува тишина и се слуша пукотница. Ловецот се враќа на телефонот и вели: ‘Ок, мртов е, и што сега?“.
