Дали знаете што е „Дежа ву“? – Доктор објаснува зошто настанува ова чувство

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Повеќето луѓе барем еднаш во животот почувствувале дежа ву (веќе видено), тоа е чудно чувство кога сме уверени дека нешто веќе сме виделе или сме доживеале.

Постојат многу теории за што всушност се работи. Некои сугерираат дека тоа е „веќе видено“, односно спомен од претходниот живот, а некои велат дека тоа ја претскажува иднината.

Доктор Караж Раж на својот Тик Ток профил во вирално видео ја појасни вистинската причина за појавувањето на ова чувство и открил дека „дежа ву“ во реалноста е „дефект на мозок“

„Тоа се случува кога дел од краткорочната меморија случајно ќе заврши во долготрајната меморија, односно изгледа дека се случило порано, бидејќи мозокот ни кажува дека тоа е стара меморија”, вели тој.

Видеото беше прегледано речиси милион пати за краток временски период, а многу луѓе беа разочарани од вистината.

„Мислев дека имам супер моќ да ја предвидам иднината, но ништо од тоа“, „Го имам искусено ова многу пати и секогаш мислев дека има врска со мојот претходен живот“, се само дел од коментарите.