„Данела ги измешала лончињата“ – Приватните превозници и денеска протестираа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Од 7 часот утрово продолжи протестот на приватните превозници кој започна во петокот и ќе продолжи се додека не се најде разумно решение со Град Скопје за исплата на долгот од над 2 милиони евра. Тоа подрзбира дека изминативе четири месеци 220 автобуси циркулираат во сообраќајот низ градот на сопствен трошок. 1000 семејства веќе четири месеци се без примања“, вели репортерката на ТВ21.

Тие се принудени сами да ги сервисираат автобусите, горивото е на нивни трошок и како што велат на работ на егзистенција се.

„Долгот за некој ден ќе достигне 2 милиони евра е реален и 100% точен. Градоначалничката какви невистини и лаги кажува тоа е нејзина работа. За тоа ќе има судска разрешница ќе си каже на суд своите аргументи“, вели Кемал Муриќ.

„Ние од Макекспрес имаме дополнителен проблем, а тоа дека го раскина договорот. Да го повлече тоа и да се врати работата во нормален колосек. Ако има злоупотреба, ние не бегаме од правда, не бегаме од закон, тековно нека се разрешат работите“, вели Исен Халили.

Арсовска ги обвини приватните превозници за криминал пред неколку дена.

„Наплаќале билети, тие пари не ги пријавувале се ставале најверојатно во нечиј џеб, а потоа фактуррале по 400 000 евра од ЈСП секој месец и оваа шема добро разработена очигледно трае цели 5 години“, додава Данела Арсовска.

На ова превозниците велат дека Арсовска „ги измешала лончињата“, бидејќи тие на наплаќаат билети, туку ЈСП за што патниците не добиваат фискални.

„Фискалните апарати се дел од опремата на АВЛСТ системот што и е инсталиран во автобусите и комплетниот систем заедно со фискалните принтери ни е инсталиран од ЈСП. Не функционираат кај нас, не функционирата ни кај нив. Но, да појасниме. Никој не продава билети ниту им допир со готовина во автобусите. Сите патници што се валидираат, што ги поништуваат билетите во приватните автобуси и во автобусите на ЈСП ги купувата во пунктовите на ЈСП или на продажните места одредени од нив“, порача Кемал Муриќ.

Град Скопје изготви нов јавен повик на кој секој од сегашните поединечни превозници, сопственик на приватен автобус ќе може индивидуално да аплицира, да добие линија на која ќе сообраќа.