„Данела не ги знае границите на надлежностите“ – Арсовска: Ѓорѓиевски е функционално неписмен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова го изјави Орце Ѓорѓиевски за казната од околу 90 илјади евра која Градот Скопје ја изрекол на општина Кисела Вода. Иако не добил службена известување, тврди дека извори во Град Скопје го информирале за казната, додека обвинува дека нема правна основа за такво нешто бидејќи станува збор за територија која не е во надлежност на Град Скопје.

Од друга страна, од Град Скопје го тврдат спротивното, дека Дрисла е под директна надлежност на Град Скопје, а градоначалникот на Кисела Вода го нарекоа нефункционално неписмен кој според нив нема основна култура за однесување.

„Имотот на парцелата на ЈП „Дрисла“ е во сопственост и основана од страна на Советот на град Скопје е во директна надлежност на Градот Скопје. Оттука, произлегува дека т.н. „правен тим“ на Ѓорѓиевски е значително помалку едуциран за проблематиката за која е советуван градоначалникот. Негов е проблемот пак, што ја прифатил ваквата сугестија“, велат од Град Скопје.

За несоодветното постапување на Град Скопје и ЈП Комунална хигиена, градоначалникот на Кисела Вода најави кривична пријава.

Инаку, по неколкудневното нефункционирање на ЈП КХС поради штрајкот на вработените, во скопските општини се создаде хаос и како резултат на тоа дел од градоначалниците презедоа иницијатива сами да ги исчистат своите општини. Откако не му беше дозволено да го одложи ѓубрето во Дрисла, Ѓорѓиевски нареди отпадот од Кисела Вода камионот да го истури пред Дрисла, за што виедно е и казната од Градот Скопје.