Данска ги затвори аеродромите поради безбедносна закана од дронови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Данска ги затвори своите аеродроми за сите цивилни летови денес, откако непознати дронови беа забележани во близина на неколку воени објекти во текот на ноќта, објави министерот за одбрана на земјата Троелс Лунд Поулсен.

Тој изјави дека забраната ќе трае до петок следната недела, пренесува Ројтерс.

„Моментално сме во тешка безбедносна ситуација и треба да обезбедиме најдобри можни услови за работа за вооружените сили и полицијата кои се одговорни за безбедноста за време на самитот на ЕУ“, рече Поулсен.