Данска ја освои Европската сребрена лига

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Репрезентацијата на Данска е победник во годинашното издание на одбојкарската Европската сребрена лига. Данците вечерва во Струмица во финалето ја совладаа македонската селекција со 3:1, по сетови 23:25, 25:19, 27:25 и 25:19.

„Црвено-жолтите“ ниту во своето четврто финале не успеаја да го освојат трофејот.

Претходните години Словенија, Естонија и Украина беа поуспешни во финалето од македонските одбојкари.

Најдобар играч во финалето беше Мадс Јенсен, кој беше нерешлива загатка за нашите репрезентативци. Јенсен средбата ја заврши со 30 поени.

Во предигра на финалето, Унгарија ја победи Хрватска со 3:2 и го освои третото место.