Данска со амбиција да произведе вакцини против Ковид-19 во 2022 година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Данска има за цел да почне со производство на вакцини против коронавирус во 2022 година, изјави премиерката Мете Фредериксен.

– Како што секој може да види, прочита, почувствува и слушне, имаме потреба од повеќе вакцини, истакна Фредериксен, додавајќи дека земјата треба да почне со производство на препарат против Ковид-19.

Таа објасни дека вакцините ќе се произведуваат од приватни компании, а јавниот тендер ќе биде објавен за неколку недели.