Давид Малинковски повторно брилираше на тркачката патека во Гробник

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Со фантастичен сет ап и подготвеност од страна на организацијата АКК Рено Спорт Скопје заедно со Лема Расинг денес се одржа втората трка на тркачката патека во Гробник, Хрватска.

Повторно брилијантен – првото место на подиумот му припадна на  Давид Малинковски со тајминг од 02:02.460, второто место на Владимир Тренески со 02:02.442, додека пак трет пласман – Марко Блажевски со 02:05.152.

Давид Малинковски беше метри до освојување на првата победа во Twingo Cup, но на последните метри пред целта на Гробник во мешаницата од возила не успеа да се снајде и заврши како четвртопласиран.

Toj по вторпат сезонава завршува како четвртопласиран во генерален пласман.

Пласманите на останатите Twingo CUP натпреварувачи се следните:Мартин Костовски (21), Ангелче Стојковски (22) Зоран Мираковски (20) додека пак Слободан Трајковски не ја заврши трката.

До крајот на годината планирани се најмалку уште две трки на Twingo CUP на Европските автодроми.

На следниот линк може да ги погледнете двете трки од Twingo CUP викендот во Гробник: