Давидовиќ: Пронајдените пари се на родителите, не на судијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Адвокатот Звонко Давидовиќ, кој е бранител на судијата Ѓоко Ристов, вечерва од пред судот за ТВ Сител кажа дека парите пронајдени соѕидани биле на неговите родители.

„За кривично дело протиправно стекнување и непријавувањр на имот, за кое Обвинителството тврди дека парите кои се најдени кај неговите родители, иако на записникот напишале и изјавиле дека се нивни лични пари, и покажуваат и докажуваат од каде се и од каде потекнуваат за што ќе има вештачење. Посочивме и на обвинителството и на судот дека членот за кој се обвинува судијата е чуден, и не одговара за овој случај, затоа што се наведува дека службено или одговорно лице во јавна установа, јавно претпријатие или друго правно лице кое стопанисува со државни пари, што не е случај. Но, ќе се докажуваме во текот на постапката. Апсолутно ќе се поднесеме жалба“, изјави Давидовиќ.