Де Брујне позитивен на коронавирус

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Тренерот на премиерлигашот Манчестер сити, Пеп Гвардиола, објави денеска дека во следниот период нема да може да смета на услугите на играчот за врска Кевин де Брујне порази позитивен тест на коронавирус.

Де Брујне изминатите две недели беше во составот на белгиската репрезентација за мундијалските квалификации, а по враќањето во Манчестер резултатот од задолжителното ковид тестирање покажа позитивен наод.

Белгискиот репрезентативец е со самоизолација и со сигурност ќе го пропушти првенствениот натпревар против Евертон овој викенд.