Дебата во Клик Плус, за обвинитeлството, судството, нов јавен обвинител – Туфегчиќ: Од 15 обвинители, најмалку 5 не се согласуваат со вакво обвинение за „Пулс“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Обвинението за случајот „Пулс“ е прилично проблематично од неколку аспекти, согласни се адвокатите Владимир Туфегџиќ и Еленко Миланов. Како што велат тие, не може сите лица кои што се опфатени со обвинението да бидат обвинети за соизвршителство, бидејќи голем дел од нив, во моментот на трагедијата, односно пожарот на никаков начин не биле директно или индиректно поврзани со дискотеката. Како што велат, од вкупно 15 обвинители во тимот, најмалку петтмина не се согласуваат со вакво конструирано обвинение.

-Нирнбершки процес имаше 4 обвинители, али вие во ваков предмет да ставите 15 обвинители и да составите тим, од кои сите 15 лично ги познавам, и убеден сум, и сигурен, и тврдам дека најмалку пет обвинители не се согласуваат со ваквиот концепт на обвинението, но тоа го држат за себе, изјави Владимир Туфегџиќ, адвокат.

Не пет обвинители, ова обвинение го држат двајца до тројца обвинители кои мислат дека има простор, вели Еленко Миланов, адвокат.

Најголемиот проблем на самото обвинение според адвокатите, е тоа што Обвинителството ги гони сите обвинети за исто кривично дело и бара каузалитет во причинско последичната врска. За да има ефикасен судски процес, преку кој би се октриле и осудиле вистинските виновници, порачуваат дека Обвинителството би морало да го преиспита обвинението. Тоа велат би требало да го стори новиот републички обвинител, кој ќе биде назначен на местото на Коцевски, доколку биде разрешен во собраниска процедура.

Со овој состав и со ваков пристап на работите в ЈО, не верувам дека тоа бргу ќе се случи, но верувам дека ќе дојде некоја нова постапа која некако поинаку гледа и малку е попрагматична од досегашниве, изјави Владимир Туфегџиќ, адвокат.

Законски може, може да свика колегиум, проширен колегиум, може, но кредибилитетот е тоа што, дали ќе се најде на удар, еве од сите работи се фати за овој предмет, вели Еленко Миланов, адвокат.

Според нив евентуалното преиспитување на самото обвинение, и негово подобро составување, би придонело судскиот процес побрзо да заврши и да бидат осудени евентуалните директни виновници за трагедијата.