Дебата за Гостивар: Лимани и Адеми во судир за водата и отпадот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Водата за пиење, отпадот и канализацијата беа главните теми на кои најмногу се зборуваше во дебатата меѓу двајцата кандидати за градоначалник на Гостивар, Валбон Лимани од НАИ и Висар Адеми, независен кандидат.

Валбон: „Те разбирам, малку си загрижен, ги гледаш работите, ги гледаш анкетите, сè е во ред, ама слушај ме и мене со сите обвинувања.“

Висар: „Почна и арогантен да бидеш, Валбон. Продолжи, продолжи.“

Валбон: „Нè знаат кој каков е. Резервоарот во Чегране е проект за кој имаме поднесено барање за техничка документација, а двата резервоари што се однесуваат на новиот систем се изградени и, како што кажав, останаа уште два дела за да се завршат, за истиот да може да се стави во функција.“

Висар: „Дали има вода за пиење во Чегране и дали има доволно вода?“

Валбон: „Да, има. Ако дојдеш почесто, ќе видиш дека има вода за пиење.“

Висар: „Половина маало мора да спие за другата половина да се бања, затоа што нема доволен капацитет.“

На дебатата беше поканет и кандидатот на ВЛЕН, Себаедин Даути, кој, иако го потврди своето доаѓање, сепак не се појави за да се соочи со противкандидатите.