Деблокирани антикризните закони – Алијанса/Алтернатива не попушта, блокада на матичната комисија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Не можеа да се договорат дали ќе треба да се одржи седница  за пратенички прашања или 36-та седница со една точка на дневен ред, економскиот пакет.

„Јас на седница која што веќе е повикана според не можам да правам преседан за истите точки кои се наоѓаат на седница повторно да свикувам друга седница“, истакна Талат Џафери.

По ова, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија собраниската сала.

Поради ова претседателот на Собранието Џафери ги повика координаторите на ад-хок координација. По речиси еден час, координаторите на парламентарните групи се договорија да ја продолжат 36 седница, со единствената точка на дневен ред – Законот за петтиот економски пакет. Со 87 гласа ЗА, без ниту еден глас против и воздржан, беше усвоено потребата за усвојување на овој Закон и истиот е испратен на понатамошна постапка во матичната комисија.

Албанската опозиција не се откажува. Тие продолжуваат со болокада во Комисијата за финансии и во секоја друга комисија.

„За нас е неприфатливо и ние подготвивме методологија за блокада на секоја комисија, вклучувајќи ја и  комисијата за финансии и буџет, за да сфатат сите граѓани дека Владата не смее да ги дискриминира граѓаните, на тие кои се добри, достапни за гласови и тие граѓани кои немаат можност да им помогнат и затоа не сакаат да им помогнат преку Законот за државјанство бидејќи немаат интерес од нив“, посочи Скендер Реџепи.

За блокадата на албанската опозиција, Билал Касами од Движење Беса вели дека тоа го прават за добивање на политички поени.

„Сите коалициски партнери во ова Влада се согласивме и работиме интензивно за наоѓање на практично решение која ќе биде согласно Конвенцијата на ОН за редуцирање на граѓаните без државјанство и Европската конвенција“, вели Биљал Касами.

По деблокирање на Законот за петтиот економски пакет, Собрнието продолжи со седницата за пратенички прашања. Петтиот економски пакет на Владата предвидува субвенционирање на компаниите погодени од кризата за да ги покријат минималните плати на вработените.