Дехари повторно ќе се кандидира за Кичево?! – Алијанса и Алтернатива со заеднички кандидат, Мемеди или Османи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Последниве денови на социјалните мрежи се отвори темата за локалните избори 2021 и можните кандидати за градоначалник на Кичево. Се вртат имиња од ДУИ, АА но и други партии. Двата изминати циклуса на локалните избори, албанските партии го поддржуваа кандидатот на ДУИ, кој два пати едноподруго доби мандат. Актуелниот градоначалник на оваа општина, Фатмир Дехари за ТВ21 рече дека волјата на мнозинството граѓани ќе го одреди идниот кандидат, со што се остава простор да се разбере дека тој повторно може да се кандидира, овој пат за трет мандат.

„Концентриран сум на годината што следи или месеци што следат, потоа се работите кои ме чекаат, ветувањата кои ги имама дадено пред граѓаните. Ни остануваат уште неколку месеци до локалните избори и да не заборавиме, во ниту еден момент не работам за да победам на изборите, туку за да ги реализирам проектите, ветувањата, приоритет се проектите, работам да обезбедам подобра иднина за овој град. Никако за да создадам ситуација за да ја фаворизирам мојата кандидатура на изборите било на локалните или на некои други избори“, посочи Фатмир Дехари.

Во ДУИ освен Дехари, неофицијално се спомнува и името на министерот за економија Крешник Бектеши, како можен кандидат за градоначалник на оваа општина.

Според најавите, со свој кандидат ќе излезе АА заедно со Алтернатива. Ова го кажа отворено лидерот на АА, Зијадин Села во предизборната кампања на парламентарните избори.

„Од тука заедно се подготвувате, на локалните избори нема да има кандидат на ДУИ, туку следните локални избори ќе ги добие коалицијата АА-ААА во Кичево. И нормално нема да биде некој кој само зборува албански, туку Албанец со сите “нишани“ со кого Кичево ќе се гордее со инвестиции“, истакна Зијадин Села.

ТВ21 дознава дека Алијанса за Албанците го подготвува Ремзи Мемеди за кандидат за градоначалник на оваа општина, но не се исклучува можноста тоа да биде актуелниот директор на Домот на културата во Кичево Мазлам Османи од Алтернатива.

ТВ21 контактираше со претставници на АА и Алтернатива во врска соовие имиња. Од таму ниту потврдија ниту негираа, туку само рекоа дека шансите се големи овие две партии да излезат со заеднички кандидат.