Професорот Берат Дехари, беше еден од тројцата соговорници во „Клик Плус“ на ТВ21. Заедно со Дехари, разговаравме и со Борјан Ѓузелов и со Никола Србов, за првиот круг од локалните избори.
Ниската излезност, кој победи, а кој загуби најмногу, дали ќе има предвремени парламентарни избори, беа само дел од темите со соговорниците.
За ниската излезност, професорот Дехари рече дека тоа треба да биде аларм за цела држава.
„Во албанските блокови имаше скептичност, но пред се мислам дека ова е важен аларм за целата држава и дека гласачите ни дадоа јасна порака со излезноста, односно со неизлезноста. Покрај тоа во западниот дел веќе имаме две општини каде што ќе се прегласува, цензусот не е стигнат, тоа се должи и на самата конфигурација на населението, па можеби третирањето како што не треба, па влијаело на ентузијазмот“, изјави Дехари.
Целата изјава на професорот Дехари во следното видео:
