Дехари во втор круг со Јовановски – Мерко води во Струга, Поцеста во Дебар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Кичево  во втор круг одат Фатмир Дехари и Александар Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ. Според податоците на ДИК, Александар Јовановски освои 8801 глас, додека Фатмир Дехари 8545 гласа.

Општина Кичево:

  • Александар Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ освои 8801 гласа – 38,42%
  • Фатмир Дехари од ДУИ освои 8545 гласа – 37,30%
  • Фатмир Лимани, независен кандидат освои 4527 гласа – 19,76%
  • Ѓорѓи Билески од Трета Ера освои 137 гласа – 0,60%

Тесна трка и во Струга, кандидатот на ДУИ, Рамиз Мерко освои 10.  956 гласа додека кандидатот на АА, Идри Истрефи освои  9421 глас, и во оваа општина ќе има втор круг меѓу Мерко и Истрефи.

Општина Струга:

  • Рамиз Мерко од ДУИ доби 10.956 гласа – 43,12%
  • Идри Истрефи од АА-ААА доби 9421 гласа – 37,08%
  • Димче Шипинкаровски од СДСМ освои 4352 гласа – 17,13%
  • Абдула Ќазимоски од БЕСА доби 486 гласа – 1,91%
  • Насто Палиоски од ТМРО освои 432 гласа – 1,70%
  • Самир Муртезоски од ДПА доби 282 гласа – 1,11%
  • Љубе Петревски од Демократите освои 0,68%

Во Дебар од тројцата кандидати со гласови води Беким Поцеста од АА-ААА кој освои 3998 гласа наспроти кандидатот  на ДУИ, Хекуран Дука кој освои 3713 гласа.  Бидејќи не е постигнат цензус од 50% плус еден глас, ќе има втор круг и во оваа општина меѓу Поцеста и Дука.

Општина Дебар:

  • Беким Поцеста, кандидат на АА-ААА освои 3998 гласа – 49,69%
  • Хекуран Дука, кандидат на ДУИ освои 3713 гласа – 46,15%
  • Петрит Клења, кандидат на ДПА освои 37 гласа – 0,46

Според првичните резултати н а ДИК, во првиот круг на локалните избори во Северна Македонија  се избрани над 30 градоначалници во првиот круг.