Дејан Георгиевски ѝ донесе сребро на Македонија на Олимписките Игри во Токио

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дејан Георгиевски го донесе вториот олимписки медал од Олимписките игри во самостојна Македонија. По Могамед Ибрагимов во 2000 година во Сиднеј, годинава Георгиевски донесе медал, и тоа сребрен за нашата земја.

Георгиевски во финалето на таеквондо над 80 килограми, загуби од Русинот Владислав Ларин со 15:9.

Ова е прво сребро за Македонија, и најблескаво одличје, затоа што Ибрагимов освои бронза во Сиднеј пред 21 година.