Дел од ракетата на Спејс Икс завршила во земјоделска област кај Вашингтон

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дел од ракетата на „Спејс Икс“, американски производител на ракети, сателити и вселенски капсули, паднала во ненаселена област во американската држава Вашингтон.

Весникот „The Tri-City Herald“ објави дека дел од ракетата Фалкон 9, која била лансирана на 4 март, завршила на земјоделско подрачје во Вашингтон, пренесува Анадолија.

Металниот дел е долг околу 1,5 метри, а се работи за втората фаза на одвојување на ракетата за време на нејзиното враќање на земјата.

Локалните власти ја контактирале компанијата, од каде ја потврдиле веста и истакнале дека таа е дел од ракетата на Спејс Икс.

Спејс Икс лансираше 60 сателити, кои се дел од сателитската мрежа Starlink, со ракетата Фалкон 9 на 4 март од вселенскиот центар Кенеди во сојузната држава Флорида.