Делови од главниот град денеска се соочуваат со прекини во водоснабдувањето и електричната енергија поради дефекти и планирани технички зафати.
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник ф-150 милиметри на улицата „Боро Менков“ 5/5, без вода од 08:15 часот се корисниците од населбата Скопје Север. Водоснабдувањето ќе биде во прекин сè до целосно завршување на санацијата на дефектот.
Паралелно со ова, дел од општина Центар денеска е без електрична енергија поради интервенции во електродистрибутивната мрежа. Од надлежните посочуваат дека станува збор за времен прекин, кој ќе трае до финализирање на работите на терен.
Институциите апелираат до граѓаните за разбирање и трпение, нагласувајќи дека снабдувањето со вода и струја ќе биде нормализирано веднаш по отстранување на дефектите и завршување на планираните активности.
