Врнежите од дожд и снег во одредени делови низ земјава предизвикаа сериозни проблеми со снабдување на електрична енергија.
Според последните информации, жителите на Дебар и околината се уште се без електрична енергија.
Имено, тие од утринава се без електрична енергија, а екипите на МЕПСО се на терен и се обидуваат да го санираат проблемот.
„Силното невреме, обилните врнежи од снег, леден дожд и мразот денеска уриваа дрвја во мавровско-реканскиот крај. Има паднати стебла и врз 110 киловолтниот далекувод ТС Вруток – ТС Шпиље поради што во прекин е снабдувањето со електрична енергија на Дебар и неколку околни населени места. Стручните екипи на МЕПСО во такви вонредни услови на студено и магливо време неколку часа даваат натчовечки напори да го оспособат далекуводот и да создадат услови за снабдување со електрична енергија на жителите на Дебар и околните места“, велат од МЕПСО.
