Делови од Хрватска од утрово под снег

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

 Делови од Хрватска од утрово се под снег, највисоката снежна покривка е во Горски Котар – 41 сантиметар, во Црни Луг – 33, додека на Сљеме има 12 сантиметри.

Властите издадоа предупредување за камиони со приколки и трактори со полуприколки од правец на внатрешноста кон Риека, односно Истра и Далмација и обратно.

Поради зимските услови, на поголем број патни правци на сила е забрана за сообраќај за товарни возила со приколки.

Патниот правец А1 – Загреб-Сплит-Плоче е затворен за сите возила.